САД

Фудбалски натпревар заврши трагично во средно училиште во Филаделфија

28.09.2022 12:29

Во северозападна Филаделфија, во средно училиште, 14-годишно момче е убиено, а четворица други ученици се ранети во судирот меѓу ученици од три училишта кога најмалку две лица отвориле оган...

Фудбалски натпревар заврши трагично во средно училиште во северозападна Филаделфија. 14-годишно момче е убиено, а четворица други ученици се ранети во судирот меѓу ученици од три училишта кога најмалку две лица отвориле оган.

„Знаеме дека имало расправија на теренот помеѓу три средни училишта. Од нив, најмалку две лица кои можеме да ги идентификуваме пукаат во учениците и заминуваат пеш“, изјави Џон Стенфорд од полициски оддел во Филаделфија.

Престрелката се случи неколку часа откако градоначалникот Џим Кени потпиша извршна наредба со која се забранува носење оружје во затворените и надворешните простори за рекреација во градот, вклучувајќи паркови, кошаркарски терени и базени.