Македонија
ЕБОР ја намали прогнозата за раст на македонската економија
28.09.2022 12:39
Европската банка за обнова и развој во најновиот извештај за регионалните економски изгледи, за Македонија предвидува раст од 2,7 насто годинава и 2,3 догодина...

Европската банка за обнова и развој во најновиот извештај за регионалните економски изгледи, за Македонија предвидува раст од 2,7 насто годинава и 2,3 догодина.
Според ЕБРД, клучни ризици се постојано покачените цени и ранливостите на надворешниот сектор. Во извештајот се вели дека растот годинава е умерен од 2,4 и 2,8 насто на годишно ниво во првите два квартали од годинава, по закрепнувањето од 4 проценти во претходната година.
Во август, инфлацијата достигна 16,8 проценти, поттикната од растот на цените на храната и на енергијата.
