Македонија
Продолжува потрагата по возачот и евентуални сопатници
28.09.2022 12:53
Продолжува потрагата по возачот на „голф 4“ кој вчера излета од мостот на Вардар кај село Желино и падна во реката. Сè уште не е познато, дали тој бил сам или со него имало некој...

Продолжува потрагата по возачот на „голф 4“ кој вчера излета од мостот на Вардар кај село Желино и падна во реката. Сè уште не е познато, дали тој бил сам или со него имало некој.
Според одредени информации, станува збор за 22-годишен кумановец. Од центарот за управување со кризи доцна попладнето информираа дека повеќе тимови се вклучени во потрагата и дека водите ги пребаруваат нуркачи.
Автомобилот вчера беше извлечен со помош на градежни машини.
