Македонија

Грковска: Слободата на изразување, заштитата на медиумите, клучни области на кои ќе работиме во наредниот период

28.09.2022 12:55

Унапредување на здравствената заштита во затворите, градење на капацитетите за борба против трговија со луѓе кај полицијата, но и во правосудниот систем, социјалните работници и трудовите инспектори, како и јакнење на капацитетите во правосудството за слобода на изразување, слобода на медиуми, заштита на новинарите, се дел од клучните области на кои мора како држава да се насочиме во наредниот период, порача заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, на завршната конференција што се одржува во Будва, Црна Гора, за Проектот „Акција прот

Унапредување на здравствената заштита во затворите, градење на капацитетите за борба против трговија со луѓе кај полицијата, но и во правосудниот систем, социјалните работници и трудовите инспектори, како и јакнење на капацитетите во правосудството за слобода на изразување, слобода на медиуми, заштита на новинарите, се дел од клучните области на кои мора како држава да се насочиме во наредниот период, порача заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, на завршната конференција што се одржува во Будва, Црна Гора, за Проектот „Акција против економскиот криминал“, што се спроведува во рамките на Хоризонталниот инструмент за Западен Балкан и Турција, поддржан од Советот на Европа и Европската унија.

Таа нагласи дека во соработка со нашите меѓународни партнери, во наредниот период ќе се обезбеди зајакнување на системот во борбата против говорот на омраза и криминалот од омраза, како и подигнување на свеста за опасностите од говорот на омраза во нашето општество, борбата против дискриминацијата и заштитата на ранливите групи.

Таа додаде дека јавната свест за ова кривично дело беше подигната преку наменски кампањи, како и преку зајакнување на капацитетите на медиумите кои известуваа за трговијата со луѓе.

„Несомнено морам да истакнам дека работата што се спроведуваше во текот на изминатите шест години во Република Северна Македонија, преку сите акции во рамките на Хоризонталниот механизам, многу придонесе за севкупниот напредок на сите институции, корисници на овој Проект“, рече вицепремиерката Грковска и ја истакна важноста на активностите поврзани со справување со говорот од омраза, како и промоцијата на различноста и еднаквоста.