Левица поднесе иницијатива за референдум
Лидерот на Левица, Апасиев до ДИК ја достави граѓанската иницијативата за референдум. Собрани биле повеќе од потребните 100 иницијални потписи. Партијата го обелодени и прашањето-дали сте за продолжување на преговорите со ЕУ, со прифаќање на собраниските заклучоци...

Левица ја достави иницијатива за референдум до ДИК. Партијата ги собира потребните 100 потписи. Идната недела ќе биде доставена до Собранието. Народот треба да го има последниот зборот за прашања од национален интерес, вели Апасиев. Најави целосна блокада на Собранието, доколку спикерот Џафери ја одбие и оваа ииницијатива. Иницијативата е правно коректна напишана, уверен е Апасиев.
Од Левица очекуваат до крајот на годинава да бидат собрани потребните 150.000 потписи. Досега не се разговарало со другите партии, но од Левица очекуваат поддршка од целиот антивладин блок. Начелна поддршка даде ВМРО-ДПМНЕ.
Претходно, иницијативата за референдум за престанок на важењето на Законот за ратификација на Договорот за добрососедство со Бугарија што опозициската партија ја достави до Собранието на 9-ти септември, беше отфрлена од спикерот Џафери со образложение дека е противуставна.
Игор Панов
