Свет
Северна Кореја истрела неидентификувани балистички ракети
28.09.2022 14:11
Јапонската крајбрежна стража, исто така, ја потврди можноста за лансирање балистичка ракета и притоа ги повика бродовите да бидат внимателни...

Северна Кореја истрела „неидентификувани балистички ракети“, само неколку дена по последниот тест, соопшти јужнокорејската војска.
Јапонската крајбрежна стража, исто така, ја потврди можноста за лансирање балистичка ракета и притоа ги повика бродовите да бидат внимателни.
Јужнокорејската разузнавачка агенција претходно предупреди дека Пјонгјанг се подготвува да изврши нова нуклеарна проба.
