Македонија

Мицкоски: План за справување со енергетската криза

28.09.2022 14:12

Изминатиов период разговаравме, планиравме, креиравме решенија, се консултиравме и со останатите стопански комори, можам тука да кажам дека ја консултиравме и нашиот план го претставивме пред раководството на Стопанската комора на Македонија...

Благодарам најпрво на интересот, денеска со тимот, претставници на највисокото раководство на партијата вклучително и голем дел од градоначалници имавме состанок со раководството на Сојузот на стопански комори на Македонија. Разговаравме за актуелната состојба во државата, предизвиците со коишто се соочува бизнисот и дојдовме до заклучок дека состојбата е алармантна.

Наш заклучок како политичка партија е дека во овој момент работите се некако ставени на стихија. Понижувањата и коленичењето и молењето по околните држави па и тие во поширокиот регион стануваат бесмислени и навредливи за македонските граѓани бидејќи судбината не ја контролираме самите туку е во рацете на други околни држави, па и оние подалеку во регионот. И во име на тоа донесовме заклучок на овие средби со бизнис заедницата дека полека но сигурно оваа безидејност во енергетиката и енергетската криза којашто веќе е сеприсутна кај граѓаните и бизнисот полека но сигурно се трансформира во финансиска криза, а доказ за тоа е цунамито финансиско коешто владата вчера ни го приреди со оној заем којшто во наше име го зема друга банка на друга држава, со катастрофални услови.

Во име на тоа изминатиов период разговаравме, планиравме, креиравме решенија, се консултиравме и со останатите стопански комори, можам тука да кажам дека ја консултиравме и нашиот план го претставивме пред раководството на Стопанската комора на Македонија, не само пред денешната Сојуз на стопански комори, предлогот којшто предвидува ставање во функција на сите производни домашни капацитети, а притоа ги ставаме на располагање сите контакти коишто ги имаме надвор од земјата во Европа и пошироко да обезбедат ресурс, доволен да производните капацитети обезбедат електрична енергија којашто ќе биде за бизнис заедницата, ќе повторам за стопанството којашто ќе биде двојно поевтино, најмалку двојно поевтина потенцирам поевтина од таа којашто денеска стопанството ја плаќа споредена со референтната берза HUPX којашто милува власта да ја каже, ќе повторам двојно, најмалку двојно поевтино, а воедно да обезбедиме ресурс со којшто корисниците на централното затоплување во градот Скопје нема да добијат покачени сметки за топлината којашто ќе користат и со коишто ќе ги затоплуваат своите домови.

Сите контакти коишто ги имаме на располагање, коишто се последица на нашиот животен пат, успеваме да ги исконтактираме изминатиот период и ги ставаме на располагање на бизнисот, а се со цел да помогнеме да најмалку 650.000 наши сограѓани коишто работат во приватниот сектор ги задржат своите работни места имајќи в предвид дека големи производствени капацитети своето производство го ставија во мирување и голем број наши сограѓани ги изгубија своите работни места. Меѓу поголемите тука би ги вбројал Фени комбинатот во Кавадарци, Бучим комбинатот во Радовиш, но и останати комбинати коишто значително учествуваат во зголемувањето на бруто домашниот производ на Македонија.

Ќе повторам ги ставаме на располагање на бизнис заедницата, а индиректно и на Владата во овие тешки времиња кога гледаме дека државата полека но сигурно влегува во амбис, на располагање сите наши контакти, да обезбедиме ресурси со коишто ќе произведеме електрична енергија, којашто ќе биде најмалку двојно поевтина од таа којашто е на референтната берза – HUPX. И истата да ја користи стопанството, а се со цел да спасиме стотици илјади работни места од губење, во периодот којшто следи. А, граѓаните коишто се корисници но и институциите коишто се корисници на централното затоплување во Градот Скопје да не добијат повисоки сметки за парно.

И вториот предлог којшто исто така јавно сакаме да го соопштиме е предлог закон со којшто ќе бараме измена на Законот за енергетика, којшто ќе биде доставен до крајот на оваа недела или на почетокот на следната недела во собраниска процедура. Со којшто ќе побараме сите претпријатија коишто вршат јавна дејност во делот на комуналните услуги, водостопанството но исто така и објектите во образованието, објектите во јавното здравство да бидат вратени онаму каде што им е местото, на регулиран пазар. Зошто ова го велам? Затоа што доколку продолжат вака да функционираат овие три групи на субјекти тоа ќе значи дека сите оние претпријатија кои вршат јавна дејност, без разлика дали е комунална или водостопанска коишто ќе ги декларираат своите трошоци пред Регулаторната комисија за регулирање на цени за енергија и вода, по сила на правилникот ќе ги зголемат своите цени за најмалку два до три пати, а тој шок ќе го почувствуваат индустријата и граѓаните. Ќе предизвикаат дополнително губење на работни места и дополнително намалување на куповната моќ и стандардот на граѓаните.

Зошто велиме за училиштата, затоа што ние не сме децата да =учат онлајн туку да бидат онаму каде што им е местото, во училишните клупи. На тој начин ќе го олесниме животот и на родителите, коишто денеска мака мачат доколку децата повторно учат онлајн наместо во училишни клупи да најдат кој да биде со нив додека го поминуваат времето во домовите.

И конечно третото, јавните здравствени установи кои тонат во долгови да им го олесниме начинот на функционирање, наместо профитите да завршуваат во компании кои препродаваат електрична енергија, да можат да се ослободат од тој притисок и тие средства да ги искористат за подобрување на здравствените услуги на пациентите и нега на пациентите.

Тоа се двете пораки кои денеска јас ги имам до владата. ВМРО-ДПМНЕ од позиција на опозиција во овие тешки времиња кога државата оди директно во амбис, а имајќи го предвид фактот дека имаме една стихијна и хаотична состојба, нуди решенија како да се ублажат ефектите на оваа енергетска криза, а веќе и финансиска криза.