Тројца починати и 96 нови случаи на Ковид-19
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа...

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:
Направени се 729 тестови, а регистрирани се 96 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 55, Битола – 10, Куманово – 8, Тетово – 6, Прилеп – 4, Кавадарци, Велес, Охрид, Штип и Крива Паланка – по 2, Неготино, Радовиш и Богданци – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (96), регистрирани се 19 реинфекции.
Регистрирани се 37 оздравени пациенти од: Скопје – 20, Куманово и Кавадарци – по 4, Велес – 3, Штип и Неготино – по 2, Битола и Берово – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа, е регистрирано едно починато лице од Прилеп (69г), починато во болнички услови. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, се регистрирани две починати лица од Скопје (81г и 91 г), двете лица се починати во домашни услови.
Досега во земјата се направени вкупно 2.168.157 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 342.775, бројот на оздравени пациенти е 332.806, на починати е 9.534 а бројот на активни случаи изнесува 435.
