ИЗРАЕЛ
Загинати и ранети Палестинци во напад на израелската војска
28.09.2022 14:19
Израелската војска соопшти дека во обид да уапсат две лица осомничени за вмешаност во неодамнешните престрелки, опколиле куќа по што била активирана експлозивна направа и дошло до престрелка...

Загинати и ранети Палестинци во напад на израелската војска во окупираниот град Џенин, на Западниот Брег. Израелската војска соопшти дека во обид да уапсат две лица осомничени за вмешаност во неодамнешните престрелки, опколиле куќа по што била активирана експлозивна направа и дошло до престрелка.
Последните сериозни мировни преговори меѓу Израел и Палестина пропаднаа пред повеќе од една деценија.
