Битола

Саем на македонска традиционална храна од органско производство

28.09.2022 14:38

Во организација на Зелена берза во Битола се одржа третиот саем на традиционална македонска храна од органско производство под мотото „Незаменливиот вкус на храната“. Производителите велат дека полека, но сигурно во нагорна линија оди користењето на ваков вид на храна посебно кај помладите генерации. За странските гости се приредува посебен дочек...

Искуствата скромни ефектите солидни, од безалкохолни домашни пијалаци до секаков вид на македонска традиционална храна. Секој изложувач со своја приказна. Александра Лозановска по професија е машински инженер, но веќе три години на семејната бавча произведува од семка до готов производ. Вели дека иновативниот дух и новите вкусови на храната од органско производство стануваат се повеќе барани посебно од помладата популација.

Можноста сами да ги соберат и вкусат на лице место носи посебно задоволство кај странските туристи при посетата на локацијата што ја имаме до семејната вила во атарот помеѓу селата Кажани и Цапари вели битолската пензионерка Верица Бутлевска.

Ѓорѓи Тошев го открива и рецептот како при наплив на тестени производи со секакви адитиви да се произведе нешто што го има предзнакот здрава храна.

Производителите велат дека добриот глас надалеку се слуша па засега не е тешко да се продаде вишокот на произведена традиционална храна од органски потекло

Стевче Митревски