Полскиот премиер Доналд Туск повикува создавање енергетска унија на ЕУ
Европската унија мора да создаде енергетски сојуз за да го осигура снабдувањето со гас. Сега ЕУ е енергетски слаба затоа што зависи од Русија -изјавил полскиот премиер Доналд Туст за Фајненшел Тајмс

Русија која што обезбедува една третина од потребите на ЕУ за гас и нафта, предизвика најголема криза во односите со западот по студената војна, поради отцепувањето на полуостровот Крим од Украина. Туск потсетува дека ЕУ создава банкарска унија и купува ураниум за своите нуклеарни централи, па затоа може да се мисли на истата стратегија за гасот. Затоа предлага унија со едно тело коешто ќе купува гас за сите 28 членки на ЕУ, со воспоставен механизам на солидарност коешто ќе им помагана земјите што од која било причина останале без гас.Според Туск тоа ќе ја врати Европа на старите корени-пренесува ХИНА.
Соња Стојановска
