Мицкоски со план за енергетската криза
План за справување со енергетската криза, двојно поевтина струја за спречување на инфлацијата и зачувување на работните места. Средба на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски со првиот човек на сојузот на Стопанските комори, Ангелоски...

„Сите контакти што ги има ВМРО-ДПМНЕ, а можат да обезбедат енергенс за непречено работење на домашните производствени капацитети за струја, партијата ѝ ги стави на располагање на Владата“, изјави лидерот на македонската опозиција, Христијан Мицкоски.
Тој претстави негов план за справување со енергетската криза. Вели, струјата ќе биде наменета за стопанството, по двојно пониска цена од таа што се купува на берза. Воедно ќе се обезбеди и ресурс со кој граѓаните приклучени на централното парно нема да добиваат повисоки сметки за топлината што ја користат.
Од Сојузот на стопански комори со оценка – секоја можност компаниите да плаќаат пониски сметки за струја е добредојдена.
До крајот на неделава, ВМРО-ДПМНЕ до Собранието ќе достави предлог-измени на Законот за енергетика, со коишто ќе побара јавните претпријатија кои нудат комунални услуги, како и објектите на водостопанство, образование и здравство да бидат вратени на регулираниот пазар.
Анита Димитријевска Велковска
