Македонија

Ковачевски- Мејер: Унапредување на соработката со САД во сајбер безбедноста

28.09.2022 16:00

Како што соопшти владината прес- служба, заеднички е констатирано дека земјава веќе придонесува во координираното дејствување меѓу НАТО членките, со цел зајакнување на отпорноста кон растечките сајбер закани, во полето на безбедноста.

Можностите за унапредување на соработката помеѓу Македонија и САД во областа на сајбер безбедноста во фокус на денешната средба меѓу премиерот Ковачевски и в.д амбасадорот на САД во земјава, Ерик Мејер.

Како што соопшти владината прес- служба, заеднички е констатирано дека земјава веќе придонесува во координираното дејствување меѓу НАТО членките, со цел зајакнување на отпорноста кон растечките сајбер закани, во полето на безбедноста.

Во таа насока е нагласено значењето на споделувањето успешни пракси за превенција од сајбер инциденти и споделувањето информации поврзани со сајбер закани, што придонесува и кон зголемување на отпорноста на нашата држава во поглед на овој предизвик во светски рамки.

Премиерот Ковачевски потенцираше дека САД се голем пријател и стратешки партнер на Македонија и на регионот, во сите демократски процеси и во областа на одбраната и дека е од голема важност секое искуство и на ова поле.