МРТ

Утре во „Македонија наутро“ ќе гледате...

28.09.2022 17:27

МТВ на терен – линк со директорката на Театарот на деца и младинци, Катарина Илиевска Силјановска со која го најавуваме првото издание на Меѓународниот фестивал на детски театар „Игор Маџиров“.

Цените во услови на економска криза достигнуваат висина која ретко која потрошувачка кошничка може да си ја дозволи. Голем дел од трговците според сведочењата на граѓаните ја користат економската криза за манипулација со цените и дополнителна голема заработка. Татијана Tасевска од Oрганизацијата на потрошувачи не информира колку преставки пристигнале до нив изминатиов период, но и како да се заштитиме од нефер трговските практики.

Кардиоваскуларните болести се водечка причина за смрт на глобално ниво. На Светскиот ден на срцето со Даријан Трајанов – зборуваме за превенцијата на кердиоваскуларни болести, но и придобивките од активниот и здрав животен стил.

МТВ на терен – линк со директорката на Театарот на деца и младинци, Катарина Илиевска Силјановска со која го најавуваме првото издание на Меѓународниот фестивал на детски театар „Игор Маџиров“.

Повеќе од 60 години Факултетот за електротехника произведува квалитетни кадри кои и тоа како добро котираат на пазарот на трудот. Со деканот на факултетот, Димитар Ташковски зборуваме за    златните дипломи кои ФЕИТги додели по повод 50 години од промовирањето во дипломиран инженер по електротехника од генерациите од 1970 до 1972 година.

„Македонија наутро“ почнува во 06:45.