Советот за безбедност на ОН со вонредна седница за оштетувањето на „Сверен тек“
Француската мисија на ОН, која месецов претседава со 15-члениот совет, најави дека на состанокот ќе се зборува за гасоводите „Северен тек” за кои Русија и европските партнери потрошиле милијарди долари за изградба.

Советот за безбедност на ОН в петок, на барање на Русија, ќе одржи вонредна седница на која ќе расправа за оштетувањето на двата руски гасоводи кон Европа, што доведе до истекување гас од Северен тек 1 и 2 во Балтичкото Море.
Француската мисија на ОН, која месецов претседава со 15-члениот совет, најави дека на состанокот ќе се зборува за гасоводите „Северен тек” за кои Русија и европските партнери потрошиле милијарди долари за изградба.
Москва негира каква било одговорност за инцидентот, кој многу европски лидери го нарекуваат „чин на саботажа”.
