МВР: 171 сообраќајни прекршоци во Скопје
На територија на град Скопје изречени се вкупно 171 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 14 санкции, 15 мерки за возење без возачка дозвола, 28 санкции за прекршоци што ги прават пешаците, четири мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл...

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 171 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 14 санкции, 15 мерки за возење без возачка дозвола, 28 санкции за прекршоци што ги прават пешаците, четири мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.
Изречени се осум мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), осум санкции за користење мобилен телефон, шест мерки за возач почетник, пет санкции за некористење сигурносен појас. Соопштуваат од МВРл.
