САД

Иан предизвика катастрофални поплави на Флорида

29.09.2022 09:29

Смртоносната бура остави речиси два милиона домови без струја...

Обилните дождови и ветришта што ги донесе ураганот Иан предизвикаа катастрофални поплави на југозападот од Флорида. Поројот носеше се пред себе. Одредени населби наликуваа на големи езера. Смртоносната бура остави речиси два милиона домови без струја.

На траекторијата на ураганот потона и брод со мигранти кај островите Кис. Седум лица се спасени, а по 20 сè уште се трага. Со минувањето преку копното, ослабениот ураган од трета категорија и натаму е со разорна моќ и може да предизвика значителни штети додека стигне до источна Флорида-велат од Националниот центар за урагани.