Венецуела

Расте бројот на жртви од поплавите

29.09.2022 09:29

Досега се потврдени 10 смртни случаи, откако вчера беше извлечено тело на 18-годишно момче од калливата река Ла Вега, во државата Лари...

Расте бројот на жртви од поплавите што ја зафатија Венецуела пред две недели. Досега се потврдени 10 смртни случаи, откако вчера беше извлечено тело на 18-годишно момче од калливата река Ла Вега, во државата Лари.

Непрекинатите врнежи предизвикаа големи поплави во најмалку седум од 23 сојузни држави. Венецуела годинава забележа поголемо количество на врнежи од просечното, што се припишува на климатскиот феномен Ла Ниња.