Подољак: Ќе ја вратиме окупираната територија
Украина е решена да ја врати територијата што Русија најверојатно ќе ја присоедини по нелегитимните референдуми на окупираните територии-изјави советникот на украинскиот претседател, Михаил Подољак...

Украина е решена да ја врати територијата што Русија најверојатно ќе ја присоедини по нелегитимните референдуми на окупираните територии, изјави советникот на украинскиот претседател, Михаил Подољак.
Тој додаде дека сериозно ги сфаќа заканите на Москва за употреба на нуклеарно оружје. ЕУ најави нов пакет санкции за Русија и за лица кои помагаат да се заобиколат забраните. Претседателот на руската Дума предупреди дека русите не треба да бегаат од Русија во обид да избегнат мобилизација и дека тоа им е забрането.
Поради продолжените борби, САД реши да и помогне на Украина со нова воена помош од 1,1 милијарда долари со ракетни системи Химарс, системи за уништување дронови, радари и оклопни возила.
