ФИЛМ

Почнува снимањето на играниот филм „Емил врати се“ на Илија Павлов

29.09.2022 10:15

Според режисерот, снимањето ќе се одвива во такси низ цело Скопје со цел да се остави еден специфичен печат на градот кој наскоро ќе стане метропола. Во главните улоги се појавуваат реномирани актерски имиња: Душица Настова, Никола Ристановски, Симона Димковска, Оливер Митковски, Васко Атанасоски...

Снимањето на вториот игран филм на Илија Павлов, насловен „Емил врати се“ почнува денеска (29. септември 2022), во продукција на „Персона филм“ и „Кино Балкан“.

Според режисерот, снимањето ќе се одвива во такси низ цело Скопје со цел да се остави еден специфичен печат на градот кој наскоро ќе стане метропола.

Во главните улоги се појавуваат реномирани актерски имиња: Душица Настова, Никола Ристановски, Симона Димковска, Оливер Митковски, Васко Атанасоски (21 век), како и околу 150 други познати и искрени ликови од државава.

Првиот долгометражен филм на Илија Павлов е насловен „Гласот на тишината“ (Rebirth: Voice of silence), во кој Павлов е режисер, кинематографер и актер, а покрај него се појавува и актерката Вучица Настова. Филмот беше премиерно прикажан на ИФФК „Браќа Манаки“