Велес

Со „Синергија на времето“ на Страхил Петровски се одржа завршницата од Европските денови на културното наследство

29.09.2022 11:16

Во предворјето на Спомен-костурницата во Велес, Страхил Петровски се претстави со видео инсталација „Синергија во времето“’ завршница на европските денови на културно наследство, дел од 50 илјади настани кои изминатите седум дена се одржаа низ Европа...

Велес беше дел од стотината градови во Европа, каде синоќа беше завршниот дел од Европските денови на културното наследство. Визуелниот уметник Страхил Петровски се претстави со видео инсталација „Синергија во времето“. Во предворјето на Спомен-костурницата, авторот на специфичен начин го презентираше неговиот труд, мултимедијален настан.

Куратор на ова дело беше со Златко Теодосиевски, врвен историчар на уметноста. Истата инсталација до крајот на годината ќе биде претставена и во Париз, Франција. Со овој настан Народниот музеј од Велес се приклучи кон чествувањето на Европските денови на културното наследство, кои се одржаа од 22 до 28 септември. Годинашната тема беше „Одржливо наследство“.

Во текот на изминатите седум дена, во рамките на Европските денови на културно наследство беа реализирани околу 50 илјади настани на стариот континент, со кои се афирмираше неговата вредност.

Петар Печков