Авганистан

Авганистанки протестираа пред Амбасадата на Иран во Кабул

29.09.2022 12:28

Талибанците пукаа во воздух за да ги растераат жените кои пред амбасадата на Иран во Кабул изразуваа поддршка на иранките кои со денови протестираат...

Талибанците пукаа во воздух за да ги растераат жените кои пред амбасадата на Иран во Кабул изразуваа поддршка на иранките кои со денови протестираат.

Околу 25 жени пред амбасадата на Иран извикуваа „жена, слобода“, „Иран станува, сега ние сме на ред“, „од Кабул до Иран, кажи не на диктатурата!“. Собирот траеше само 15 минути откако талибанците ги растераа жените пукајќи во воздух.

Некои од нив се обиделе и да ги удрат демонстрантките со кундаците од пушките. Талибанците им наредиле и на новинарите да ги избришат снимките и фотографиите од протестите.