Чешка повторно воведе гранични проверки поради новиот мигрантски бран
Мерката стапи денеска на 27 гранични премини меѓу две земји од ЕУ кои припаѓаат на европската шенген зона, каде што е можно безвизно патување и ќе трае најмалку 10 дена...

Чешката Влада реши повторно да ги воведе граничните контроли со Словачка поради новиот миграциски бран. Мерката стапи денеска на 27 гранични премини меѓу две земји од ЕУ кои припаѓаат на европската шенген зона, каде што е можно безвизно патување и ќе трае најмалку 10 дена.
Вкупно 560 полицајци и цариници ќе бидат распоредени за вршење на проверки.
Чешкото МВР соопшти дека оваа мерка е неопходна, бидејќи властите годинава на чешка територија привеле речиси 12 илјади илегални мигранти, од кои повеќето од Сирија. Од полноќ и Австрија воведе проверки на границата со Словачка, како одговор на чешкиот потег.
