Јужна Кореја
Камала Харис во демилитаризираната зона на Корејскиот полуостров
29.09.2022 12:31
Со посетата се укажува на ангажманот на Вашингтон против каква било закана од Северна Кореја, соопшти Белата куќа...

Американската потпретседателка Камала Харис ја обиколи демилитаризираната зона што го дели Корејскиот полуостров во рамките на нејзината посета на Јужна Кореја.
Со посетата се укажува на ангажманот на Вашингтон против каква било закана од Северна Кореја, соопшти Белата куќа. Северна Кореја вчера истрела две балистички ракети со краток дострел крај нејзиниот источен брег.
Претходно, Пјонгјанг предупреди дека Јужна Кореја и САД ризикуваат да предизвикаат војна со почнување на заедничките поморски вежби во близина на полуостровот.
