Утре на пленарна, кризната состојба со струјата и парното
Гласањето за законите за кризната состојба со струјата и со парното во Скопје пред пратениците ќе се најдат на пленарна седница утре – најави спикерот Џафери. Власта и опозицијата со свои видувања како треба да се менаџираат состојбите...

Фото финиш за мерките за справување со енергетската криза. Гласањето за законите за кризната состојба со струјата и со парното во Скопје пред пратениците ќе се најдат на пленарна седница во петок. Тогаш е и последниот рок за нивно гласање, образложи собранискиот спикер, Талат Џафери. Но, власта и опозицијата имаат свои видувања како треба да се менаџираат состојбите.
Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски бара Собранието прво да го усвои нивниот закон за енергетика, за потоа да дадат зелено светло за задолжувањето кај Европската банка за обнова и развој.
Власта, пак, смета дека одлуките коишто ги донесе економско-енергетскиот совет, а ги претстави премиерот Ковачевски, значат дека пари има и ќе се задоволат потребите од енергенси и топлинска енергија.
Ременот ќе го стега и Собранието. Џафери ги претстави мерките за штедење во законодавниот дом – струјата ќе се гаси, централниот систем за ладење е исклучен секаде, освен во пленарната сала. Морските плодови за Џафери никогаш не биле на менито за исхрана.
Иако партиите кажаа дека ќе ги поддржат, собранискиот спикер Џафери вели, имаат цел ден за дискусија, но до полноќ неопходно е законите да бидат изгласани како статистика, посочи дека во септември Собранието имало три пленарни седници, но комисиите работеле до степен за Џафери, да е симптоматично што во еден момент на Комисијата за избори и именувања имало потпишани за присуство дури 64 пратеници на кои се плаќаат патните трошоци, кои се 20 проценти од цената на литар бензин по минат километар.
Собранискиот спикер вели дека опозицијата продолжува со игнорирање на координациите кај него, а тој ги прекинал со нив неофицијалните средби затоа што вели, се злоупотребувале.
Миле Ристески
