Тетово

Продолжува потрагата по возачот на возилото кое излета во Вардар

29.09.2022 13:48

Трет ден трае потрагата по 22 годишното момче кое со возило падна во водите на реката Вардар во тетовско Желино. Истрагата по матните студени и длабоки води на Вардар, ќе продолжи и во скопскиот регион...

Со кучиња трагачи и специјална единица нуркачи се трага по 22 годишното момче од Куманово, кое во вторникот со возилото заврши во водите на Вардар кај село Желино. Освен екипи на надлежните институции, од двете страни на реката Вардар телото го бараат семејството и пријателите на момчето

Од Дирекцијата за заштита и спасување, велат дека до Јавното претпријатие Водостопанство имаат побарано намалување на водостојот на Вардар, за да се олесни истрагата, која ќе продолжи и во скопскиот регион.

Водата е матна и брза, затоа и потрагата е отежната, вели командирот на ТППЕ Тетово Авни Амети. Теренот е крајно непристапен. Долж течението има голема вегетација и на места не може воопшто да се пријде

Возилото беше пронајдено, веднаш по несреќата. Но, по 22 годишното момче кое било во Тетово да го уплати последниот семестар на Тетовскиот универзитет, се трага веќе трет ден.

Зоран Димовски