Се бележи пораст на срцеви заболувања кај популацијата под 40 години
Во пораст срцевите заболувања кај популацијата под 40 години. Неопходна е превенција велат лекарите. Според министерот Сали ревидирањето на правилникот за лековите на позитивната листа може да трае дури и до една година. Нема да се укинат економските директори за време на кризата изјави Сали...

Во пораст срцевите заболувања кај популацијата под 40 години. Лекарите велат – превенцијата е еден главните приоритети, потребно е навремено дијагностицирање и препознавање на кардиоваскуларните заболувања. Годишно на клиниката за кардиологија се изведуваат околу 6 илјади интервентни процедури.
Министерот за здравство вели дека ревидирањето на правилникот за лековите на позитивната листа може да трае дури и до една година. За да не чекаат пациентите проширувањето ќе се врши во две фази. На прашањето дали во време на економска криза ќе ги укине економските директори, Сали со став – платите на овие директори нема да сменат ништо во финансиското работење на Јавните здравствени установи.
Во светот 31 процент од смртноста е поради кардиоваскуларните болести. Годинава кај нас за програмата за превенција се предвидени 20 милиони денари.
Сунчица Николоска
