Македонија

Тензична седница за пратенички прашања

29.09.2022 14:31

ВМРО-ДПМНЕ побара одговор од премиерот дали свесно го избегнал воениот рок. Во 2001-та Ковачевски одбра да дезертира и да не ја брани државата, рече ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Одговорот како што рече премиерот, го дава до граѓаните. „Во 2000-та, со лекарско мислење беше утврдена неможноста да служам војска“ објасни Ковачевски. Потоа распали по опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Обвини за криминал, крадење и корупција...

На пленарката за пратенички прашања тензично. Директни напади и обвинувања кој е дезертер и пион, а кој шпион и лопов. Дали приложивте документ пред надлежните органи со кој потврдувате дека сте трајно неспособен или лажиравте за да избегнете служење воен рок во 2001-та, го праша Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ премиерот Ковачевски. Партијата смета дека тој не треба да има пристап до највисоките државни тајни, ниту до буџет од 5 милијарди евра.

Од говорницата Ковачевски појасни дека во 2000-та, со лекарско мислење и потврда од регрутната комисија, му била утврдена неможноста да служи војска, поради абдоменални проблеми. Потоа распали по ВМРО-ДПМНЕ, а Ковачки го нарече кодош во Армијата, кој изнесувал тајни документи и кој решил да ја смени униформата во сако, за да отиде во белата палата.

На пленарката и за енергетската криза. Бојан Стојаноски го праша шефот на Владата дали планира да ги прифати понудените контакти од Мицкоски за обезбедување суровини за производство на струја во домашните капацитети, двојно поевтина од таа што може да се набави на референтната берза. Одбивањето ќе значи дека има нешто заткулисно и наплата на провизии. Ковачевски возврати-државата презема конкретни чекори за справување со кризата. Во неговиот кабинет вели, немало архива за понуди.

Власта и опозицијата со контраставови за енергетската криза. ОД СДСМ велат-енергенси за претстојната зима се обезбедени. Според ВМРО-ДПМНЕ пак, Владата носи делумни мерки, без конкретен ефект за граѓаните и фирмите.

Милчо Велески