Нов погон на компанијата „Тритекс“ во индустриската зона - Прилеп 1

22.04.2014 14:59

Инвестицијата во вредност од еден милион евра ќе овозможи вработување на уште 300 нови лица...

Уште една успешна компанија се одлучи проширувањето на своите призводствени капацитети да го лоцира во Индустриската зона – Прилеп 1 и со тоа да го потврди својот растечки потенцијал, соопштуваат од општина Прилеп.

Текстилната компанија „Тритекс“  која е позната по долната облека што е изработена исклучиво од памук, одлучи да гради нов производствен  погон кој ќе се простира на површина од 4.000 квадратни метри и во кој ќе бидат сместени новите производствени линии, а инвестицијата во вредност од еден милион евра ќе овозможи вработување на уште 300 нови лица.

„Тритекс“ како компанија е успешна фамилијарна деловна приказна која трае 20 години. Текстилните производи  на „Тритекс“ се синоним за квалитен македонски бренд што е присутен на пазарите во регионот и во Европа.  

Воедно ваквото проширување на прозводниот процес е потврда за поволната бизнис клима.