Премиера на „Така зборуваше Гертруда“ во Драмски театар
Претставата „Така зборуваше Гертруда“ на еден трагикомичен начин е одраз на едни сурови луѓе во една сурова средина, кои газејќи преку сè, се обидуваат да стигнат до своите цели. Гертруда, целиот свој живот ја трпи неправдата која и се нанесува преку убивањето на нејзините деца и решава на ист, суров начин да го прекине тој ланец...

„Ако театарот треба да биде будното око на општеството и да ги детектира општествените аномалии, тогаш верувам дека со претставата „Така зборуваше Гертруда“ успеавме да ја исполниме таа задача. Текстот ја отвора најпроблематичната тема на нашето општество, правдата“, рече режисерот Ангелчо Илиевски.
Претставата на еден трагикомичен начин е одраз на едни сурови луѓе во една сурова средина, кои газејќи преку сè, се обидуваат да стигнат до своите цели.
Гертруда, целиот свој живот ја трпи неправдата која и се нанесува преку убивањето на нејзините деца и решава на ист, суров начин да го прекине тој ланец.
Театарот мора да биде гласноговорник, а не нем гледач од страна, а оваа претстава отвора прашања на кои треба да се дискутира.
Тања Сарандеска
