Абази поднесе оставка, Град Скопје реагира дека ја ставила партијата пред граѓаните
Именувањето директори јавни претпријатија ги разбранува духовите во град Скопје. Заменик-градоначалничка, Бујаре Абази од Алијансата за Албанците поднесе оставка. Обвини дека Арсовска го прекршила договорот кога именувала кадри од ДУИ, од таканаречената „огнена група“ на Интегративците. Градоначалничката реагира – Абази ги стави партиските пред интересите на граѓаните...

Заменик-градоначалничката на Скопје, Бујаре Абази поднесе оставка од функцијата. Таа рече дека Арсовска го прекршила договорот откако назначи двајца директори на јавни претпријатија од таканаречената „огнена група“ на ДУИ.
Арсовска одговори-Абази ги стави партиските пред интересот на граѓаните, но департизацијата на институциите мора да се случи.
Од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека Арсовска влегла во коалиција со Интегративците.
Случајот со пречистителните станица ги наруши односите меѓу Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ. Ескалацијата донесе оставки и разрешувања на повеќе директори на јавни претпријатија во Скопје. Во две од нив, Арсовска назначи кадри на ДУИ.
Анита Димитријевска Велковска
