Култура

Денови на македонска фотографија во КИЦ

29.09.2022 15:52

Изложбата вбројува 101 примени и 28 наградени фотографии, одбрани од стручното фотографско жири во состав Боро Рудиќ, Цветан Гавровски и Владимир Арсовски. Наградите ќе бидат доделени вечерта на самото отворање.

На први октомври со почеток во 19.30 часот ќе се отворат јубилејните 60-ти Денови на македонска фотографија во Културно информативниот центар во Скопје, а како организатор се јавува Фото сојузот на Македонија.

Изложбата вбројува 101 примени и 28 наградени фотографии, одбрани од стручното фотографско жири во состав Боро Рудиќ, Цветан Гавровски и Владимир Арсовски. Наградите ќе бидат доделени вечерта на самото отворање.

Оваа јубилејна година, исто така, за првпат ќе може да се проследи проекција на фотографии од македонски автори креирани во периодот од 1940-1980 година. Меѓу нив се секако најголемите фотографски имиња како: Благоја Дрнков, Живко Јаневски, Александар Цветиновски, Лазо Величковски, Владимир Плавевски, Роберт Јаки и други.

Изложбата оваа година е дел од манифестацијата „Бела Ноќ“ и е поддржана од Министерство за култура како проект од национален интерес.