Тешко и неизвесно до огрев
Уште непочната, грејната сезона создава паника меѓу граѓаните. Што и да се избере за огрев е неизвесно. Дрва тешко се наоѓаат, а и цената секојдневно расте, на пелетите исто така, а стравот е и дали ќе се остварат ветувањата дека ќе нема рестрикции во снабдувањето со струја…

Дрва, струја, пелети- кој и да е изборот, не нуди решение, велат исплашено граѓаните пред грејната сезона. Дрва и пелети не може да се најдат, цените се изгор, а стравот од рестрикции го запали алармот. Добро е само за тие кои навреме купиле дрва, сето друго е неизвесно.
Од прилепското шумско претпријатие велат – не продаваат огревни дрва, туку испорачуваат договорени тури. Годинава побарувачката е сто проценти зголемена. Речиси ги испорачале платените 3.500 кубни метри. Сега и не може да се најдат дрва, а цените се ближат до 5.000 од кубен метар.
Граѓаните панично креваат раменици. Во продавниците се бараат совети – и да се купи шпорет или клима, стравот е дека енергенс ќе нема.
Како никогаш досега, граѓаните се исплашени од претстојната зима.
Елизабета Митреска
