Политика
Анкета на ИПСОС: Рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е 19%, на СДСМ 9%
29.09.2022 16:52
Анкетата покажува дека Мицкоски има највисок рејтинг. На скала од 1 до 10, граѓаните му дале седмица, а на премирот Ковачевски четворка.

ВМРО-ДПМНЕ објави анкета, којашто за потребите на партијата ја изработила агенцијата ИПСОС, во периодот од 2-ри до 21-ви септември на примерок од илјада испитаници.
Анкетата покажува водство на ВМРО-ДПМНЕ со 19 проценти наспроти СДСМ кој има 9, па следуваат ДУИ, Левица, Алијанса.
Анкетата покажува дека Мицкоски има највисок рејтинг. На скала од 1 до 10, граѓаните му дале седмица, а на премирот Ковачевски четворка.
Од СДСМ рекоа дека станува збор за нарачана анкета за дефокус на јавноста и оти сите претходни анкети пропаднале на вонредните избори коишто Мицкоски ги загуби.
