Дава голови и постигнува рекорди за „Гинис“!
Бразилскиот голман Рожерио Сени е уникатен по неколку елементи, но најмногу по тоа што во долгата кариера често ги тресеше мрежите на противничките колеги. 41- годишниот голман на Сао Паоло ќе влезе во Гинисовата книга на рекорди во три категории.
Вклучувајќи ги натпреварите до крајот на 2013-та, Сени постигна 113 голови или најмногу меѓу голманите. Еден погодок во 2006-та реализираше од игра, додека сите други од слободен удар или од белата точка.
Сени е специфичен и по тоа што од 1993-та до 2013-та одигра 1100 натпревари и тоа само за еден клуб, за Сао Паоло.

Третиот рекорд е во податокот дека од 1994-та година бразлискиот голман е капитен на Сао Паоло и со лентата на рака одигра 886 мечеви.
Со бразилската репрезентација Сени за која настапи 16 пати, а не постигна гол, беше светски шампион во 2002-ра, го освои Купот на конфедерациите во 1997-ма и второто место на Копа Америка во 1993-та.
Како предводник на Сао Паоло, голманот – голгетер трипати беше првак на Бразил, по еднаш шампион на ФИФА Светското клупско првенство и на Интерконтиненталниот куп и двапати го освојуваше елитното јужноамериканско натпреварување Копа Либертадорес.
Индивидуално, Сени трипати беше прогласуван за најдобар играч во бразилскиот шампионат, а по еднаш во Копа Либертадорес и на ФИФА Светскиот клупски куп.