Мицкоски на средба со унгарскиот амбасадор Клајн
Како што соопштуваат од партијата, на средбата се разговарало за актуелната политичка и економска состојба, како и за енергетската криза и потребата од одржување на предвремени парламентарни избори.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски денеска заедно со потпретседателот на партијата Тимчо Муцунски оствари средба со амбасадорот на Република Унгарија во Македонија, Андраш Клајн.
Како што соопштуваат од партијата, на средбата се разговарало за актуелната политичка и економска состојба, како и за енергетската криза и потребата од одржување на предвремени парламентарни избори. Мицкоски потенцирал дека државата покрај економската криза се соочува и со енергетска криза, укажувајќи дека поради немање слух, неспособност и негрижа од страна на владата на СДСМ и Димитар Ковачевски, граѓаните дополнително се соочуваат и со енергетска криза.
Мицкоски го информирал амбасадорот Клајн за планот за справување со енергетската криза кој што ВМРО-ДПМНЕ го понуди на власта, бидејќи тие не ги преземаат потребните чекори за навремено обезбедување на јаглен, мазут, гас, нафта и нафтени деривати, додавајќи дека доколку се прифати овој предлог од страна на Владата, тогаш стопанството и граѓаните ќе плаќаат дупло поевтина струја, а скопјани ќе имаат навремено и евтино греење, велат од партијата.
