СДСМ: Мицкоски конструктивноста да ја покаже во Собранието
Најавената конструктивност од страна на Христијан Мицкоски ќе ја поздравиме и ние и граѓаните доколку навистина е искрена, велат од партијата...

СДСМ, пратеничката група и претседателот Димитар Ковачевски подаваат рака за сите коишто се подготвени да ги надминат своите теснопартиски интереси, да работат за граѓаните и да дадат свој придонес во оваа насока, реагираат од владејачката партија.
Премиерот Ковачевски, парламентарното мнозинсто и коалицијата којашто ја предводи се целосно посветени и работат на мерки и политики за заштита на стандардот на граѓаните, за помош на стопанството, обезбедување на храна, енергенси, струја, парно, на се она што е потребно во пресрет на тешката зима.
Најавената конструктивност од страна на Христијан Мицкоски ќе ја поздравиме и ние и граѓаните доколку навистина е искрена. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ имаат шанса во Собранието. Да се откажат од блокадите, деструкциите и кочењето и да ја покажат најавената конструктивност со конкретни чекори, стои во соопштението.
