Еуроникел го стопира производството поради огромните трошоци за електрична енергија
Поради огромните трошоци за електрична енергија, донесена е одлука да запре производствениот процес. Работниците од средината на месецов се на принуден платен одмор.

Угаснати печките на Еуроникел, или попознат како кавадаречки Фени. Поради огромните трошоци за електрична енергија, донесена е одлука да запре производствениот процес. Работниците од средината на месецов се на принуден платен одмор.
„Долгорочно одржување на електропечката во топла состојба не е препорачливо и носи ризици, во исто време се трошат огромни средства, а не се генерираат никакви приходи, па затоа одлучивме плански да го стопираме напојувањето“, велат од компанијата, од каде посочуваат дека ако се промени состојбата на пазарот со струја, или државата ја обезбеди по субвенционира цена, подготвени се да го рестартираат процесот.
