Свет

Ердоган ќе разговара со Путин за Украина

29.09.2022 19:56

Вечерва ќе разговарам со господинот Путин и ќе имаме можност да разговараме за прашањето за Украина, рече Ердоган.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека вечерва ќе разговара со својот руски колега Владимир Путин и оти дискусијата ќе биде фокусирана на Украина. Ердоган се обрати на митинг во Анкара, а во таа прилика зборуваше за енергетската криза и Украина.

Вечерва ќе разговарам со господинот Путин и ќе имаме можност да разговараме за прашањето за Украина, рече Ердоган.

Кога станува збор за енергетската ситуација, Ердоган рече дека Турција релативно лесно влезе во турбулентниот период со проекти за гасоводи кои гарантираат безбедност во снабдувањето со енергија, склучени договори, складишта за течен природен гас и дупчење и истражувачки активности во Црното Море и Источен Медитеран.