Поддршка на производството на сончоглед
Од оваа година за производството на сончоглед преку интервентната програма дополнително е обезбедена финансиска поддршка во висина од 40 проценти за вештачко ѓубриво. Исто така субвенции ќе се добиваат и за предадениот род кај регистриран откупувач. Забраната за извоз на сончогледово семе ќе важи до 31-ви декември 2022 година...

На производителите на сончоглед преку интервентната програма им следува финансиска поддршка за вештачко ѓубриво во износ од 40 проценти од цената или дополнителни 2.500 денари по хектар.
Оние кои користат сертифициран семенски материјал имаат право на 15.000 денари односно по 11.000 за хектар за оние кои употребиле домашно семе. Исто така, воведена е дополнителна мерка во износ од 5.760 денари за минимум произведени 1.500 килограми сончоглед по хектар предадени во регистрирано откупно претпријатие.
За заштита на домашното производство се воведе и забрана за извоз на сончогледово семе која ќе важи до 3-ви декември оваа година. Причината за овие мерки е по завршување на жетвата прво да се снабди домашниот пазар и капацитети на производство на масло за јадење.
Според земјоделците се проценува дека оваа сезона ќе се собере род од околу 11.800 тони сончоглед, а просечниот принос по хектар е од 1.800 до 2.000 килограми. Според преработувачите, доколку во наредните години тој се зголеми на 2.500 до 3.000 килограми ќе нема потреба од увоз на сончоглед и ќе може да се произведува доволно масло за јадење се потребите на домашниот пазар, велат.
Методија Трајков
