САД

Моќниот ураган Ијан направи пустош на Флорида

30.09.2022 09:48

Откорнати дрва, улици претворени во реки, прекин во снабдувањето со електрична енергија, евакуации. Ураганот Ијан од четврта категорија донесе катастрофални поплави на Флорида. Вонредна состојба во неколку американски сојузни држави...

Жителите на Флорида останаа заробени во налетот на ураганот Иjан кој вчера уништи илјадници домови. Флорида потона во мрак, без електрична енергија останаа илјадници жители.

Претседателот на сад Џо Бајден предупреди дека бројот на загинати од невремето може да биде многу голем. Според експертите, ова е најсилниот ураган во историјата на САД. Во текот на вчерашниот ден силата на Ијан беше намалена, но сепак синоптичарите предупредуваат дека тој е можно повторно да ја врати силата на патот кон север.