Авганистан

Најмалку 19 загинати во напад на испитен центар во Кабул

30.09.2022 09:57

Нападот се случил во близина на едукативен центар во западниот дел, додека студенти полагале испит. Сè уште никој не ја презеде одговорноста за нападот...

Најмалку 19 лица загинаа, а голем број се повредени во самоубиствен напад во Кабул, соопшти авганистанската полиција. Нападот се случил во близина на едукативен центар во западниот дел, додека студенти полагале испит. Сè уште никој не ја презеде одговорноста за нападот.

Многу од жителите во областа каде што се случи експлозијата се Хазари, етничко малцинство кое беше цел на напади од Исламска држава. Од Министерството за внатрешни работи, раководено од талибанските власти, го осудија нападот и рекоа дека безбедносни тимови се на терен и се обидуваат да ја вратат стабилноста.