Во Србија ќе се намали возењето на државен трошок
Србија ќе го намали возниот парк на буџетските корисници зашто имало многу злоупотреби

Државниот ревизор на Србија Радослав Сретеновиќ утврдил дека во минатата година за гориво и за одржување на 31 000 службени возила се потрошени шест милијарди динари. Открил дека многумина ги злоупотребиле возилата за приватни потреби, како на пр.за купување зелка за зимница, за патување на море и за други потреби. Извештајот на ревизорот ќе биде основа за план на Владата за најнеопходен број возила и за ефикасна контрола на нивното користење. Се најавува намалување на бројот на возилата за државни функционери, кои сега се вкупно 313.Ќе се формира диспечерски центар за заеднички потреби на повеќе сегменти.
Меѓу земјите со најголем број службени возила беше Италија пред доаѓањето на премиерот Матео Ренци. Тој реши дека службениците на работа може да доаѓаат и пеш и стави на продажба 1500 владини возила, меѓу кои два ,,јагуара“ и девет ,,масерати“.
Соња Стојановска
