Свет

Морнариците на Јужна Кореја, САД и Јапонија спроведоа антиподморнички вежби

30.09.2022 12:06

Ова се случува во ек на тензии поради низата севернокорејски ракетни тестирања. Вежбите беа одржани во меѓународните води близу источниот брег на корејскиот полуостров...

Морнариците на Јужна Кореја, САД и на Јапонија спроведоа трилатерални антиподморнички вежби првпат во пет години. Ова се случува во ек на тензии поради низата севернокорејски ракетни тестирања. Вежбите беа одржани во меѓународните води близу источниот брег на корејскиот полуостров.

Американската и јапонската морнарица известија дека се очекува вежбите да промовираат „слободен и отворен Индо-пацифик“, во ек на напнатоста поради постапките на Кина во Тајванскиот теснец.