Македонија

МФ: Историски највисок поврат на ДДВ кон стопанството за само девет месеци

30.09.2022 12:27

Износот вратен кон фирмите во деветте месеци годинава е за 48,9 насто повеќе во споредба со повратот на ДДВ извршен за цела 2021 година. Во споредба со 2020 и 2019 тој процент, е над 70...

Историски највисок поврат на ДДВ кон стопанството за само девет месеци во износ од 500 милиони евра, соопштуваат од Министерство за финансии. Износот вратен кон фирмите во деветте месеци годинава е за 48,9 насто повеќе во споредба со повратот на ДДВ извршен за цела 2021 година. Во споредба со 2020 и 2019 тој процент, е над 70.

Ова, според Министерството за финансии, кажува за зајакнатиот инспекциски надзор од страна на Управата за јавни приходи, поголемата ефикасност во наплатата на даночните приходи и со тоа овозможување забрзана реализација на поврат на ДДВ.

Податоците покажуваат дека износот од година во година расте. Повратот на ДДВ кон стопанството значи поддршка на ликвидноста и конкурентноста на компании, се врши тековно и навреме и тоа дава одредена сигурност на компаниите, а што е особено значајно во услови на криза.