ЕУ разгледува мерки за цената на гасот
Министрите за финансии, индустрија и енергетика на Европската унија во Брисел решаваат за донесување на три мерки со што ќе се ограничи растењето на цената на енергенсите за да им се помогне на граѓаните и компаниите...

Министрите за финансии, индустрија и енергетика на Европската унија во Брисел решаваат за донесување на три мерки со што ќе се ограничи растењето на цената на енергенсите за да им се помогне на граѓаните и компаниите.
„Нашите граѓани и бизниси чекаат на предлогот на ЕУ како да се справиме со екстремно високите цени на енергенсите. Малите и средни бизниси што го првата најголемиот дел од европската економија барата од нас да дејствуваме и денеска ќе испорачаме. Треба да одлучиме за три важни мерки: намалување на побарувачката за енергија, ограничување на профитите на енергетските компании од евтини горива и солидарен придонес од производителите со фосилни горива“, изјави Џозеф Сикела, министер за индустрија и трговија.
„По три недели сме повторно во Брисел да разговараме за мерките како да ја надминеме оваа енергетска криза. Главна тема ќе биде ограничување на цената на гасот. Хрватска целосно поддржува ограничување на цената на гасот без разлика од каде и да доаѓа“, изјави Давор Филиповиќ, министер за економија на Хрватска.
