Град Скопје
Александар Трајановски, нов заменик-градоначалник на Скопје
30.09.2022 13:50
Трајановски доаѓа од приватниот сектор и еден од поискусните во овој советнички состав, со долгогодишно искуство во работата на локалната самоуправа и градската администрација, велат од кабинетот на Арсовска...

Градоначалничката на Скопје, Арсовска за свој заменик го именува Александар Трајановски, советник од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“.
Трајановски доаѓа од приватниот сектор и еден од поискусните во овој советнички состав, со долгогодишно искуство во работата на локалната самоуправа и градската администрација, велат од кабинетот на Арсовска.
Вчера оставка од заменичката позиција во Скопје си поднесе Дитмире Абази, од „Алијанса за албанците“.
