Бројот на трансплантации во Хрватска намален за 40%

22.04.2014 15:24

Хрватското здружение на болнички лекари (ХУБОЛ) оценува дека драстичниот пад на пресадени органи се должи на општата неорганизираност и импровизација во водењето на здравствениот систем

Здравствените власти не го препознаваат намалувањето на бројот пресадени органи како проблем и не преземаат мерки за спречување на овој надолен тренд на водечката земја за трансплантација во светот-сметаат болничките лекари. Трансплантациската програма се уништува една година на назад откако Хрватскиот Завод за здравствено осигурување ги намали средствата за 30% , што влијае на квалитетот на работата -истакнуваат од ХУБОЛ  во соопштението до јавноста.Ланскиот просек во првото тромесечие од годината бил 101 пресаден орган ,а годинава 61. ХУБОЛ оценува дека Министерството за здравје на Хрватска негативно влијае на ентузијазмот на здравствените работници со непочитување на лекарите и слабо вложување во здравствената инфраструктура.

Хрватска во 2012 имала најмногу пресадени солидни органи според бројот на жители во светот. ХУБОЛ предупредува дека состојбата е многу загрижувача  со тренд на уште поголемо влошување.

Соња Стојановска