Македонија

Скапите млечни производи во маркетите ги пренасочуваат граѓаните да купуваат од производителите

30.09.2022 14:25

Маржата на основните прехранбени производи е ограничена, но цените секојдневно растат. Трговците велат дека тоа е резултат на скапите набавни цени. Граѓаните во потрага на поевтина храна, се повеќе се свртуваат директно кон производителите, посебно кога купуваат млечни производи...

Растот на цените на млечните производи во маркетите ги пренасочи граѓаните кон производителите. Наќе Михајлов, сточар од штипското село Суво Грло со години произведува млечни производи, но во последно време вели има повеќе муштерии.

Сулејман Селами од плачковичкото село Шашаварлија одгледува кози и произведува сирење. На пазарот го нуди за 350 денари

Во маркетите е скапо, велат граѓаните, кај директните производители може да се најде квалитетна храна по пониски цени

Трговците велат дека храната поскапува заради високите набавни цени. Во Штип има тројца пазарни инспектори чија надлежност е контрола на маржите на основните прехранбени производи, за кои Владата одлучи да бидат лимитирани до крајот на годината.

Славица Величковска