Свет

Од полноќ изборен молк во БИХ

30.09.2022 15:22

Во Босна и Херцеговина на полноќ почнува изборниот молк. Вo недела се одржуваат општите избори. На листите има 127 политички субјекти, од нив 72 политички партии, 38 коалиции и 17 независни кандидати...

Во Босна и Херцеговина на полноќ почнува изборниот молк. Вo недела се одржуваат општите избори. На листите има 127 политички субјекти, од нив 72 политички партии, 38 коалиции и 17 независни кандидати.

Во фокусот е изборот на нови членови на претседателството на Босна и Hерцеговина, од кои бошњачкиот и хрватскиот член се избираат во федерацијата БИХ, а српскиот во Република Српска.